Вести

Учениците од Студена Бара без школски превоз, родителите нема да ги пуштат децата на настава

Ученици од кумановското село Студена Бара користат линиски, наместо школски превоз до соседното село Пчиња. Родителите бараат овој проблем да се надмине, бидејќи линискиот превоз не соодветствува со почетокот и завршувањето на училишните часови. Во изјавата за медиумите, тие посочија дека нема да ги пушат децата на настава. Сега, учениците доцнат на часовите поради немање превоз. Двете села се оддалечени три и пол километри.

-Ни рекоа првата недела ќе одат со редовното комбе додека се надмине проблемот, а потоа ни кажаа дека ќе користат редовен наместо школски превоз, рече Сашка Павловска, родителка.

Нејзина сосетка Анита Младеновска стравува како ќе чекаат децата кога времето ќе биде постудено.

-Децата од 16:20 чекаат редовно комбе, а редовната линија од Куманово овде е во 17:50, децата треба да чекаат тука, вели Гордана Лазаревска, родител на ученик во ОУ „Браќа Миладиновци“ село Пчиња, кумановско.

Надлежните од „Браќа Миладиновци“ пак велат дека за овој проблем е задолжена општината.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 21st, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *