Вести
Малолетно лице со остар предмет повредил друг малолетник, делото го признал на полицијата
Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека полициски службеници од СВР Куманово извршиле службен разговор со малолетник од Куманово кој се сомничи дека на 18.09.2023 на улицата „Борко Танев“ Куманово, со остар предмет му нанел повреди на друг малолетник, исто така од Куманово. Малолетникот го признал делото, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Сузана Андоновиќ








