Вести
Се работи на третата фаза од реконструкција на театар
Третата фаза од реконструкцијата на театар Куманово би требало да заврши за две недели, информираше Сашо Тодоровски, директор на националната установа центар за култура Куманово. Ова фаза опфати уредување на дворот , пристапни рампи на два влеза, партерно уредување, дел од атмосферска мрежа која досега не постоеше во театарот, а предвиден е и втор влез и можност да се играат мали камерни театарски претстави.

- За комплетна реконструкција остануваат уште четири фази, реконструкција на кровната конструкција, сцената, гледалиштето и најголемата фаза техничкиот дел, опремата, информираше Тодоровски.

Досега од министерството за култура биле одобрени околу 20 милиони денари.
Сузана Андоновиќ








