Вести
Полицијата казни 194 возачи за викенд во Куманово, најмногу казни за брзо возење
Викендов на подрачјето на Куманово изречени биле вкупно 194 санкции, од нив 123 за брзо возење, информираат од Секторот за внатрешни работи, Куманово.
- Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 194 возачи, од кои 123 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 45 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 21 за управување возило без возачка дозвола и 5 за нерегистрирано возило. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од СВР Куманово.
Сузана Андоновиќ








