Вести

„Чистота и зеленило“ постави три пункта за одлагање електронски отпад

„Чистота и зеленило“ постави три пункта за одлагање електронски отпад

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово во соработка со општина Куманово постави три пункта за собирање на електричен и електронски отпад, информираатт од претпријатието.

Граѓаните можат да одлагаат ваков вид отпад на влезот од Куманово, во близина на противпожарната единица, кај градскиот базен и во населбата „Гоце Делчев“ кај локалитетот „Кошеви“.

– Овој отпад се смета за ризичен. Граѓаните од денеска имаат можност да го одлагаат на овие три локации. Во иднина планираме да поставиме на други дополнителни локации, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски.

Тој најави дека на крајот од септември, претпријатието ќе организира акција за собирање кабаст отпад на неколку локации во Куманово, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани.

– ЈП во наредниот период ќе организира повеќе такви акции за време на викендите, на повеќе локации граѓаните ќе можат да го депонираат отпадот, мебел, апарати од домаќинство. Ќе има известување на социјалните мрежи и на веб страницата на претпријатието, најави Стојчевски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 18th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *