Вести
Се реконструира улицата „Народна револуција“ во Куманово
Реконструкцијата се одвива од близина на Соколанскиот парк, сè до станбениот комплекс. За овие градежни активности, општината одвои над два милиони денари, тендерот го доби кумановската „Кооп инженеринг“, изјави помошник-раководителот на секторот, Момчило Јовановски.

Претходно на овој потег беше поставена гасификациска мрежа. Улицата делумно беше раскопана од едната страна. Поставувањето на мрежата накај „Народна револуција“, се одвиваше со цел да се поврзе, средното училиште „Наце Буѓони“ спортскиот објект „Соколана“, основното подрачно „Браќа Миладиновци“ и ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ на гасификациската мрежа.
Сузана Андоновиќ








