Вести

Жителите на Прмакови ниви на протест, ја запреа изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, велат патот е стрмен,а мостот небезбеден

Жителите на Прмакови ниви на протест, ја запреа изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, велат патот е стрмен,а мостот небезбеден

Жителите од улицата Доне Божинов кај местото викано Прмакови ниви или во катастарска парцела Османов рид во Куманово денеска со мирен протест не им дозволија на изведувачите на пругата Куманово – Бељаковце да работат.

Велат дека со изградбата на пругата им го стеснуваат патот и дека непрописно го градат, со големи стрмнини, без тротоари за пешаците и без заштитна ограда на надвозникот.

  • Има голема нагорнина, нема тротоари, банкини, не е во ред патот. Во зима овде никој нема да може да излезе, нагорнина е голема. За сите ќе биде потешко, деца нема да можат да одат на училиште, нема тротоари, ограда, од двете страни, населба е над 100 домови има. Рекоа ќе работат по проект но не кажуваат кој е што е каков е прашавме дали ќе прават огради рекоа нема, прв снег да падне автомобилите ќе завршат на пругата. Додека не ги исполнат барањата планираме ќе протестираме, вели Милорад Илиевски, жител на улицата Доне Божинов.

Жителите кои денеска протестираа кажаа дека не се чувствуваат безбедни  со изградбата на новиот пат и мостот по кој ќе поминуваат и деца. Побарале информации од изведувачот но добиле одговор дека се работи по проект.

  •  Побаравме известување од изведувачите но не ни дадоа никакво појаснување, ја собраа механизацијата и се повлекоа. Прашавме кој е проектант, кој го проектирал мостот, прашавме кој е надзор но не добивме одговор. Може да се види мостот како е направен со кривина од 90 степени, утре да се случи пожар пожарната екипа  нема да може да дојде, нагорнина е голема, нема излегување во зимно време, вели Стефан Кипријановски, жител на Доне Божинов.

Тие бараат патот и мостот да бидат направени по сите безбедносни мерки со заштита и тротоари.

  • Да се направи како што треба, косината е голема, 32 отсто е дозволено, овде има над 50 отсто, да има тротоари и заштитна ограда. Кој е проектант треба да се види, да се најде решение. Кога го правеа ова ние мислевме дека прават  потрорен ѕид за пругата никој не не информираше за ништо. Мостот требаше да го направат подолу , а го ставија овде- вели Кипријановски.

Жителите се жалат дека на пругата работат две години со прекин, и дека им е загрозена безбедноста.

  • Нема да дозволиме да продолжат со работите, директно на 500 жители им е загрозена безбедноста – вели  Милорад Илиевски.

Од Јавното претпријатие Македонски железници , инфраструктура велат дека заедно со изведувачот и надзорот излегле на терен и дека се сретнале со жителите да најдат заедничко решение.

  • Наша практика е да контактираме со локалното население и да им образложиме што ќе се работи во нивно опкружување, да ги сослушаме да ни ги кажат нивните проблеми и да најдеме решение.

По протестот се сретнавме со дел од населението и разговаравме со нив им кажавме дека проектот ние го работиме по изготвена документација која што е одобрена и ревидирана согласно одобрение за градење. На жителите по нивната поплака за стрмен пат им кажавме дека повторно ќе направиме преглед на документација за да утврдиме да не има направено некој пропуст. Изведувачот ќе изврши ново геодетско снимање на проблематичниот дел од патот и да предложат техничко решение како би можело да го ублажиме проблемот и да излеземе во пресрет на населението.

Ги замоливме да бидат малку стрпливи и да се заврши ревизијата и повторно да се сретнеме со населението.

За безбедноста на населението изградивме надвозник бидејќи патот директно се вкрстуваше со железничката пруга. Во рамките на експропријација и техничко решение се надеваме дека ќе најдеме заедничко решение. Со проектот е предвидена и оградата на мостот која ќе биде поставена на крајот кога ќе се завршат градежните работи, објаснуваат од јавно претпријатие македонски железници инфраструктура.

Местот Прмакови ниви е одалечено само на еден километар од центарот на Куманово, а жителите се жалат дека немаат ниту канализациона мрежа.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 13th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *