Вести

Три ЕР трактори го гаснат пожарот во кумановско Бељаковце, изгоре куќа

Три ЕР трактори го гаснат пожарот во кумановско Бељаковце, изгоре куќа

Во пожарот кој избувна вчера по 16 часот во Бељаковце изгоре и куќа. Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане со три екипи го гасат пожарот.

– Пожарот кој вчера започна во атарот на село Бељаковце, Општина Куманово, беше активен во текот на целата ноќ. Пожарникарите на ТППЕ Куманово беа фокусирани на заштита на куќите на ова село од разбиен тип, кои се расфрлани на неколку ридови. За жал, една стара куќа чиј сопственик не живее во неа туку ја користи повремено, беше зафатена од пожарот и целосно изгоре. Поради заканата по други куќи како и опасноста огнот да влезе во блиската борова шума, кон село. Бељаковце полетаа трите Ер трактори на ДЗС, изјави, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Активен пожар во Бељаковце

Претходно од територијалната противпожарна единица Куманово информираа дека на терен се екипи од противпожарните единици и од Куманово и од Старо Нагоричане.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 12th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *