Вести
Нов пожар над Бељаковце, пожарникарите на терен
Само пред неколку дена пожарникарите се бореа со огнената стихија во Бељаковце, пожарот беше локализиран и изгасната, а денес попладне нов пожар во Бељаковце.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, екипи на кумановската противпожарна единица се на терен.
Огнот попладнево пристигнал до неколку стари, најверојатно напуштени куќи.
– Пожарот над с. Бељаковце, кумановско, се приближи до неколку стари најверојатно напуштени куќи но благодарение на благовремената интервенција на кумановските пожарникари огнот е сопрен на безбедно растојание, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Сузана Андоновиќ








