Вести

Спасовски: По цели 30 години реконструиран патот Челопек-Коинце

Спасовски: По цели 30 години реконструиран патот Челопек-Коинце

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски заедно со заменик градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Бобан Цветановски, присуствуваше на пуштање во употреба на патот Челопек-Коинце.

За асфалтирање на патот кој е во должина од 1.1 километар се издвоени 4.8 милиони денари од Центар за развој на Североисточниот плански регион.

  • На мое големо задоволство, жителите тука ја препознаваат грижата, дека животот оди на подобро!
  • Во оваа прилика би напоменал дека издвоени се средства за реконструкција и изградба на уште два други патни правци и за изградба на детско игралиште, односно ќе се гради патот од Сув Ора до Карпино и од село Драгоманце до Стрновац.
  • Продолжуваме со заложбите за модерна инфраструктура – во секое место обезбедуваме безбедни патишта, го забрзуваме и олеснуваме животот на нашите граѓани, за достоинствени услови и за повисок животен стандард – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

https://www.facebook.com/o.spasovski/posts/855391392624468?ref=embed_post

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 11th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *