Вести
За потребите на жителите на Стрезовце и Војник општина Старо Нагоричане направи бушотина за вода
Поради потреба на населението во селата Стрезовце и Војник, оштина Старо Нагоричане направи бушотина за подобро водоснабдување, информираа денеска надежите од општината. Оттаму додаваат дека бушотината ќе биде во надлежност на јавното комунално претпријатие „Козјак“.
Овој проект се реализира за потребите на сопствениците на викенд куќи кои изградија објекти, куќи и вили во општината, особено после 2020 година по пандемијата.
– Имаме зголемување и на приходите ама има проблем и со дивоградби изградени на одредени атрактивни локации, околу главните патни правци во општината, околу Пелинце, Стрезовце, Војник, речиси насекаде. Но, тука се појави и потреба од водоснабдување, затоа е направена и нова бушотина, изградена со наши општински средства, изјави заменик градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.

За руралната општина зголемувањето на бројот на резиденти, дури и за време на викендите е проблем, бидејќи немаат доволно садови за смет.
– Имаме за одредени населени места, ама немаме доволно за сите населени места, додава Цветановски. Најголем дел од населените места со водовод преку комуналното претпријатие, организирано е собирање на смет и уличното осветлување е во добра состојба. Во меѓувреме порасна и цената на метар квадратен во руралната општина која се карактеризира со исклучително здрава животна средина и неколку знаменитости познати во Европа.
Сузана Андоновиќ