Вести

Родителите од денеска ќе можат да ги запишат децата во кумановската градинка, ако детето неоправдано отсуствува 3 месеци градинката ќе го испише

Родителите од денеска ќе можат да ги запишат децата во кумановската градинка, ако детето неоправдано отсуствува 3 месеци градинката ќе го испише

По доставеното решение од денеска родителите можат да ги запишат децата во кумановската градинка, откако советот на 29 август донесе одлука да можат да се запишат поголем број деца во групите, информираше Марина Алексовска, директорка на кумановската градинка „Ангел Шајче“. Родителите кои веќе ги имаат запишано децата во градинка ќе треба да потпишат анекс договор со кој градинката ќе може да го раскине договорот со родителите, доколку три месеци неоправдано детето не присуствува во градинка.

Родителите на новозапишаните деца ќе потпишат договор на една година, тоа е новина во градинката информираше Алексовска.

Марина Алексовска, директорка на градинка Ангел Шајче Куманово

Во Куманово на листата за чекање има 530 деца и 300 кои се училишни кои ќе треба да користат целодневен престој.

Директорката на кумановската градинка вели дека немаат доволно капацитет за згрижување на децата од училишна возраст. Годинава покрај Пчелка и Бамби во објектот Кокиче е отворена нова група за целодневен престој.

Алексовска вели дека се потребни нови објекти за кои Општината треба да изготви проект кој подоцна ќе го финансира министерството за труд и социјална политика. Без проект никој нема да даде одобрување и средства, досега од општината нема изготвено ниту еден проект за нова градинка , вели директорката на кумановската градинка.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 5th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *