Вести
Само 28 првачиња има во општина Старо Нагоричане, а вкупно 265 ученика во основно образование
Во трите основни училишта во општина Старо Нагоричане се запишани 28 првоодделенци, информираа надлежните од општината. Шест ученика се запишани во Старо Нагоричане, десет во село Драгоманце и 12 во Младо Нагоричане.
– Обезбедени се по 3.000 денари од општинскиот буџет за првоодделенците. Одлуката ја донесе советот, повикот беше објавен во мај, годинава родителите аплицираа и веќе се исплатени средствата, изјави заменик градоначалник на општината, Боба Цветановски.
Вкупно, во општината во трите основни училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, „Христијан Карпош“ во Младо Нагоричане и „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце, настава следат 265 ученика.
Сузана Андоновиќ








