Вести

Заврши санацијата на кровот на кумановското централно училиште „Браќа Миладиновци“, сега ќе се реконструира третиот кат

Заврши санацијата на кровот на кумановското централно училиште „Браќа Миладиновци“, сега ќе се реконструира третиот кат

Заврши санацијата на кровот на кумановското централно училиште „Браќа Миладиновци“, соопштија денеска надлежните од училиштето. Градежните активности ќе се реализираат во внатрешноста на третиот кат, каде при обилни дождови протекуваше и е небезбедно за одвивање на наставата.

Раководителот на секторот за образование , Александар Јовановиќ информираше дека градежните работи се во тек. Учениците од трето одделение наставата ќе продолжат да ја изведуваат во кумановската гимназија, а целосно завршување на реконструкцијата на третиот кат е предвидена до декември.

-Сега ќе се санира внатрешноста на третиот кат, таваните, ходникот, кои значително се оштетени од влагата, изјави директорката на училиштето, Јасмина Спасовска.

И од училиштето и претходно и министерот за образование, Јетон Шаќири при посетата на Куманово, информираа дека санацијата ќе заврши во ноемрви годинава.

Министерството за образование го распиша тендерот кон крајот на претходната учебна година, беше избрана е фирма за изведување на градежните активности „Ибро Комерц“ од село Липково. МОН одвои скоро 15 милиони денари за проектот санација на кров, замена на кровниот покривач и беше избрана е фирма надзор.

Поради протекување на кровот и несоодветни услови за изведување на наставата на третиот кат, дел од учениците од „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ кои следат настава во објектот во центарот на Куманово, со одлука на советот на родители и на советот на општина Куманово, настава следат во други објекти, меѓу кои и во гимназијата „Гоце Делчев.

Во двете училишта има околу 2.500 ученика.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 4th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *