Вести
„Лидл“ на јавно надавање ја купи парцелата во индустриската зона Речица за изградба на логистички дистрибутивен центар
Општина Куманово спроведе постапка за отуѓување на градежно земјиште во сопстевеност по пат на електронско јавно наддавње, со намена Г4-стоваришта и складови на локација во новата индустриска развојна зона во Горно Којнаре- Речица. На јавното наддавање по пат на електронска аукција беа пријавени три компании, а најповолен понудувач со највисока понудена цена е компанијата ДТМ ЛИДЛ Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје.
Најповолната понуда како што објави градоначалникот на општина Куманово изнесува 1.906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 и истата изнесува 325.920.015,00 денари или 5,3 милиони евра.
Во наредниот период следува завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува инвестиција од нивна страна, информираше Димитриевски.
Логистичкиот центар на Лидл ќе биде регионален.
Сузана Андоновиќ








