Хроника
СВР Куманово – Две жени се убиени со нож, полицијата ги пронашла во стан, убиецот си нанел повреди по што скокнал од прозорецот
Денеска (25.08.2023) околу 14.25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.)
Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себеси и скокнал од прозорецот.
Д.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, каде починал.
Од страна на јавен обвинител и екипа на СВР Куманово се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата.
Сузана Андоновиќ








