Вести

Во Македонија негативен природен прираст во првиот квартал од 2023

Во Македонија негативен природен прираст во првиот квартал од 2023

Бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 8.8 % и изнесува 3 656 живородени деца, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица, во првото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 29.5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 233 лицa, а од нив пет се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен – 1 577 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 2.9 % во споредба со истиот период од 2022 година и изнесува 2 396 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 336 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 26.8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година.

С. Андоновиќ

Radio Bum

May 30th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *