Вести

Кумановски гимназијалци освоија трето и четврто место по англиски јазик на ХИПО натпревар во Италија

Кумановски гимназијалци освоија трето и четврто место по англиски јазик на ХИПО натпревар во Италија

Учениците од кумановската гимназија „Гоце Делчев“, Мила Смилевска и Марко Спасовски освоија трето и четврто место на Меѓународниот натпревар по англиски јазик „Хипо“ одржан во Италија. Во силна конкуренција Смилевска (прва година) и Спасовски (втора година) како единствени претставници од државата на нивната категорија ги освоија високите трето и четврто место помеѓу 180 најдобри ученици од европските држави.

Гимназијалците Мила и Марко беа единствените учесници и претставници од Македонија кои што освоија одлични резултати во конкуренција од 30.000 натпреварувачи од цела Европа.

Мила и претходно учествувала на натпреварот „Хипо“, додека Марко е дебитант и верува дека секогаш може да се постигне подобар резултат.

-Еден од учениците е под мое менторство така што соработувавме и за време на часовите и надвор од часовите, се подготвуваме, додека ученичката која го освои третото место е под менторство на Елена Марковска. Натреварот е од комбиниран карактер, едниот дел е толкување односно текстови, а вториот дел од тестот е употреба на англискиот односно граматички дел, изјави Александра Маневска, наставник по англиски јазик

-Ова ми е втор пат да учествувам на натпреварот „Хипо“ односно втор пат учествувам на европско ниво. Во 2021 година освоив прво место, сега сум многу задоволна од освоеното трето место и се надевам дека во иднина ќе продолжам со вакви успеси. Сега натреварувањето беше на повисоко ниво од претходниот пат, изјави Мила Смилевска, ученичка во прва година во Гимназија „Гоце Делчев“.

-Првпат учествувам на меѓународен натпревар и се надевам на повисок пласман наредната година, изјави Марко Спасовски, ученик во втора година во Гимназија „Гоце Делчев“.

„Хипо“ е меѓународна олимпијада што се организира со цел да ја промовира важноста на познавањето на англискиот јазик и да ги зближи децата од различни земји.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

May 30th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *