Вести

Едно лица загина откако трактор се превртел во Тромеѓа

Едно лица загина откако трактор се превртел во Тромеѓа

Според информациите на СВР Куманово, трактор кој го управувала малолетничка се превртел во центарот на селото Тромеѓа, а на лице место починал сопатникот.

„Во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с. Тромеѓа,  кумановско,  трактор управуван од малолетничка од с.Тромеѓа излетал од патот и паднал во канал.  На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с. Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт“, соопшти МВР. 

Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово. 

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

May 29th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *