Вести

Претседателот Стево Пендаровски во Куманово денеска си извади листа за стаж во канцеларијата на е-услуги и граѓаните може да ја користат за лични документи

Претседателот Стево Пендаровски во Куманово денеска си извади листа за стаж во канцеларијата на е-услуги и граѓаните може да ја користат за лични документи

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска престојуваше во општина Куманово, каде што присуствуваше на промоција на нови е-услуги во центарот „Една точка за услуги (ЕТУ)“, тој во Куманово во канцеларијата на е-услуги си извади уверение за стаж.

На настанот беа промовирани услугите за издавање на уверение за регистрираните податоци во матична евиденција за стажот на осигурување, остварени плати и надоместоци – (уверение за стаж) и издавање на извод од компјутерски запис – образец М1/М2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување. На промоцијата на новите е-услуги во центарот „Една точка за услуги (ЕТУ)“ во Куманово присуствуваше и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Претседателот Пендаровски имаше можност да ги искористи услугите во центарот од каде што му издадоа уверение за стаж и М1/М2 образец.

– Претседателот порача дека овој проект, чија цел е да овозможи ефикасни, брзи и достапни услуги, ќе им го олесни животот на граѓаните и претставува исчекор кон создавање јавна администрација како вистински сервис на граѓаните, соопштија од кабинетот на претседателот на државата.

Една точка за услуги (ЕТУ) е проект на Министерството за информатичко општество и администрација чија цел е да ги соедини сите државни институции и да го поедностави пристапот на граѓаните до институциите и услугите коишто ги нудат.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

May 29th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *