Вести

Две малолетни девојчиња прегазени во сабота, едно е во кома

Две малолетни девојчиња прегазени во сабота, едно е во кома

Две малолетни девојчиња биле прегазени во саботата навечер на Октомвриска револуција, едно е во кома, со автомобил ги удрил 23 годишен возач со автомобил ,,опел астра”.

Според информациите на МВР несреќата се случила на 27.05.2023 во 21.45 часот. Во полицијата било пријавено дека во Куманово, на крстосница од бул.“Октомвриска Револуција“, ул.“Иво Лола Рибар“ и ул.“Ѓорче Петров“ патничко моторно возило “опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(23) од Куманово, удрило во две малолетнички од кумановско. Во несреќата со повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Од станицата за итна медицинска помош Куманово, пак во регионалниот центар за управување со кризи било информирано дека на улицата Октомвриска револуција (кај Чоче) на семафори од автомобил биле прегазени две малолетни лица,со тешки телесни повреди се здобиле и биле пренесени на понатамошно лекување во Општа болница во Скопје .

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

May 29th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *