Вести
СДСМ – Рамо до рамо до победа, Спасовски и Лукаревска на средба со граѓаните на Куманово
Оливер Спасовски и Сања Лукаревска како дел од караванот ,,Рамо до рамо до победа” се сретнаа со граѓаните на Куманово. Со отчет за сработеното и за лагите на опозицијата, пред членството и симпатизерите на СДСМ, Спасовски и Лукаревска со порака дека заедно со граѓаните и вистината ќе остварат уште една победа за подобар живот на граѓаните.
„Истите тие што лажеа дека ќе има федерализација и кантонизација, што лажеа дека ќе се населувале мигранти и овде во Куманово но и во други градови, што лажеа дека ќе се загрозел македонскиот јазик, дека ќе сме се бугаризирале, денес шират лаги за наводно редефинирање на државата. Сите тие нивни лаги пропаднаа, а од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не собраа храброст ниту да се извинат. Исто ќе биде и за оваа последна лага што ќе пропадне, а Македонија ќе продолжи по европскиот пат, но ќе биде запаметено дека Мицкоски како заложник на Левица и Апасиев дејствувал на штета на државните и националните интереси“, рече Спасовски.

- Инфраструктурна офанзива со изградени 1500 км магистрални и регионални патишта, само во Куманово вложени 122 милиони евра, а во Источна Македонија нема регионален пат кој не е направен!
- Покачена социјална помош и се исплаќаат земјоделски субвенции
- 12.000 стечајци добиле тоа што треба да го добијат од државата
- Државна социјална пензија на лица со ризик 10.000 граѓани земаат социјална пензија кои биле со никакви примања
- Систем за покачување на пензиите, на основа на растот на трошоци за живот и раст на просечна плата.
- Систем минимална плата.
ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави на тоа да се покачи платата, да не пропаднат компаниите, олигарсите, ВМРО се заштитници на крупниот капитал. Ние како СДСМ идеолошки сметаме акцент мора да биде на работниците, а не на газдите! После 7 години гледаме дека не пропаднаа фирмите туку добија помотивирани работници со подобри резултати. Минимална плата денес изнесува 20.175, а во време на режимот беше 8.800.
Денес имаме два концепта – едниот на СДСМ јасна визија за напредок. Вториот концепт е на ВМРО без став, без визија.
Локалната власт не испорача ништо. Иако како Влада раздолживме 50 милиони евра на општините. Истражување вели 86% од граѓаните се незадоволни од локалната власт!
Жал ми е што Куманово не оди напред, туку уназадува, со популизам и „висока политика”. Сите до еден проекти со кои се фали локалната самоуправа се финансирани од Владата.
Затоа јас сум подготвен во секој момент, како што разговарам со граѓаните, така и со новоформираните вмровци, да разговараме кој што направил, кажа Спасовски пред граѓаните на Куманово.

„Со одговорните политики на СДСМ државата ја вративме на вистинскиот колосек, станавме членка на НАТО и по цели 17 години во чекалната конечно ги започнавме преговорите со ЕУ, на македонски јазик и со потврден македонски идентитет. Сега кога пред нас е важен реформи процес за европската иднина, одново гледаме блокади одново гледаме немање конкретен став од страна на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои декларативно се залагаат за членство во ЕУ, а во реалноста по секоја цена се обидуваат да го загрозат европскиот пат. Доказ за тоа се и последните небулози што Мицкоски ги шири за наводно редефинирање на државата, но и тој и ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат свесни дека нивните небулози нивните деструкции одново ќе бидат поразени“, рече Лукаревска.

Караванот продолжува на 30.05.2023 година во 18:30 час во н.Карпош и 19:40 с.Табановце со средба на граѓани со Славјанка Петровска, Министерка за одбрана и Гоце Георгиевски, раководител на сектор за рурален развој информираат од општинската организација на СДСМ.








