Вести
Жена прегазена од мотокултиватор во Куманово
Според информациите на СВР Куманово, на 22.05.2023 година во 12.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата , “Иво Лола Рибар” во Куманово мотокултиватор управуван од Е.И.(33) удрил во пешак Д.С.(37) од Куманово.
Со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово се здобила Д.С. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на несреќата.
Очевидци велат дека возачот на култиваторот ја удрил и ја прегазил жената по што го напуштил местото на несреќата, а полицијата ја информирале луѓето кои биле во близина.
Сузана Андоновиќ








