Вести

ВИДЕО: СДСМ Куманово со новото раководство го најави и карванот “Рамо до рамо со граѓаните до победа”

ВИДЕО: СДСМ Куманово со новото раководство го најави и карванот “Рамо до рамо со граѓаните до победа”

Новиот претседател на општинската организација на СДСМ, Александар Арсиќ , на прес конференција го претстави новото раководство на локално ниво на партијата и го најави карванот “Рамо до рамо со граѓаните до победа”.

  • Масовното присуство на нашите членови на изборната конференцијата е уште еден доказ дека во нашата општинска организација постои здруженост, единство и сплотеност и сите заедно застануваме зад исти, заеднички цели и заложби.  Идеолошките ставови за кои се залагаме ја образуваат силната врска на заедништво помеѓу нашите членови, изјави Арсиќ.

По изборот на новото партиско раководство, Извршниот одбор на општинската организација на СДСМ Куманово ја одржа својата прва работна седница на која се избрани :

  • Секретар на партијата – Весна Трајковска, директор на Државното средно училиште, регионален центар Киро Бурназ Куманово.
  • Организационен секретар – Виктор Божурски, вработен во општина Куманово во Фондацијата за спорт и култура.
  • Портпарол на партијата:     – Александар Митрички, дипломиран музички педагог, вработен во Центар за култура Трајко Прокопиев Куманово.
  • Претседател на надзорниот одбор – Драган Петровски, адвокат.

-Во оваа прилика би сакале да ја информираме јавноста дека ОО на СДСМ Куманово се приклучува на теренските активности “Рамо до рамо со граѓаните до победа”.

Сиот наш партиски потенцијал, нашите раководства, пратеници, советници, одговорни претставници ќе бидат помеѓу граѓаните, за да го слушнеме гласот на нашите сограѓани и да поразговараме за се онаа што им е важно.

Сите заедно, рамо до рамо, ќе посетиме вкупно 28 месни заедници, населени места и урбани заедници.

Со првата теренска активност започнуваме на 25 мај, во 18 часот, кога ќе бидеме помеѓу жителите на Трета македонска ударна бригада и во 19. 15 часот кога ќе поразговараме со жителите на месната заедница Перо Чичо.

Почитувани сограѓани, доаѓаме со добра мисла и мотив за напредок и подобро утре, доаѓаме за да ве слушнеме, да ви дадеме отчет за сработеното, но и да ви кажеме што следува во иднинавнимателно ќе слушаме и внимателно ќе зборуваме.

Социјалдемократскиот сојуз до сега докажа дека е државничка партија која заедно со граѓаните во тешки моменти успеа да ја одржи економијата и напредокот по вистинскиот, по европскиот пат.

Најтешкиот дел од кризата помина, но се уште постојат предизвици за сите нас. Затоа, потребна е сплотеност, заедништво и мобилизација, рамо до рамо, еден со друг, сите заедно, за да оствариме една заедничка победа во оваа борба за подобра иднина, кажа Арсиќ. 

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

May 19th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *