Вести
ВИДЕО: СДСМ Куманово- Граѓаните на Куманово не постоеја за ДПМНЕ и нејзината влада
Се што е изградено во Куманово е изградено од страна на СДСМ и коалицијата низ годините. Цели 30 години во Куманово се гради од страна на СДСМ на ниво на локална власт или директно со инвестиции од Владата кога е предводена од СДСМ. Вмро во најмала рака, со наведната глава треба да се обраќа на кумановци, бидејќи Куманово беше заборавено од страна на режимот цели 10 години, велат од општинската организација на СДСМ Куманово на прес конференција, како одговор последната трибина на ВМРО ДПМНЕ во Куманово.
Портпаролот Александар Митрички вели дека функционерите од ВМРО на трибината во Куманово во најмала рака покажаа политичка некоректност, а во голема мера лицемерие кон граѓаните на Куманово.
- Од нивната говорница без изнесени такви пораки кои не би требало да се одлика на сериозна опозиција. Од нивната трибина беше порачано дека во Куманово воопшто не се инвестира од страна на оваа влада. Граѓаните на Куманов би одговориле на ваквата теза и би ви порачале дека се што е изградено во Куманово е изградено од страна на СДСМ и коалицијата низ годините. Цели 30 години во Куманово се гради од страна на СДСМ на ниво на локална власт или директно со инвестиции од Владата кога е предводена од СДСМ. Вмро во најмала рака, со наведната глава треба да се обраќа на кумановци, бидејќи Куманово беше заборавено од страна на режимот цели 10 години. Покрај тоа што не помагаа и не инвестираа, туку ја буткаа општината во се поголеми долгови, оставајќи ја без инвестиции и било каква помош, со еден збор кумановци не постоеја за ДПМНЕ и нејзината влада, рече Митрички.
Според изјавата на портпаролот Митрички во време на влада на СДСМ се изградени многу значајни проекти за Куманово.
Во областа на здравството, Комплетно нов ургентен центар ,Отворен центар за жртви од сексуално насилство, дониран апарат за рана дијагностика за оштетен слух кај новороденчињата, нов мамограф, адаптација на дел од Центарот за детско творештво и пренамена за детска градинка,
за образование е вложено повеќе од 100 милиони денари во реконструкција на училишта, како и во реконструкција и изградба на училишни спортски сали, целосна реконструкција на училиштето Киро Бурназ од над 3 милиона евра.
Реконструирана е полициската станица при СВР Куманово.
Во водоводна и канализациона мрежа вложени се повеќе од 150 мил денари само од 2020 година.
Куманово денес е поврзано од сите страни. Реконструирани се сите мостови, рехабилитирани се сите регионални патишта, а само во последните 3 години се вложени над 28 милиони евра во рехабилитации на државни и магистрални патишта околу Куманово.
Огромен број на проекти има од страна на Министерството за локална самоуправа ( над 80 мил денари) како и министерството за финансии.
Во време на СДСМ како локална самоуправа беше завршен булеварот 3 МУБ , изграден е градскиот кеј, 25 км канализациона мрежам во вредност од 5 милиони евра, целосно реконструиран градскиот плоштад, a денеска стоиме пред градскиот базен кој исто така е изграден во време на СДСМ.
Во однос на социјалните и економските политики на оваа Влада најголем раст во историјата на минималната плата, зголемени се пензиите , просечната плата се зголеми за над 30 %.
Социјалната помош е зголемена за 300 проеценти, а оваа влада воведесоцијална пензија за граѓаните кои немаа пензија воопшто.
Решен е проблемот со стечајците, со што се исправи историска неправда.
Воведени се субвенции за електрична енергија.
А бројни проекти имаме и во земјоделието, гасификацијата, проекти за млади, ИПАРДпроекти, проекти од областа на иновациите.
Почитувани граѓани, СДСМ како партија ќе продолжи да вложува во нашиот град, сите ние заслужуваме подобри услови за живот, заслужуваме европски стандарди, заслужуваме искреност во решавањето на локалните проблеми, наспроти хипокритскиот однос од страна на ВМРО ДПМНЕ кон граѓаните на Куманово, рече на денешната прес конференција Александар Митрички, портпарол на општинската организација на СДСМ Куманово.
Сузана Андоновиќ








