Вести
Едно лице е приведено откако полицијата го видела како оштетува паркиран автомобил во Куманово
На 16.05.2023 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(25) од Куманово. Тој бил затекнат на булеварот „ Трета македонска ударна бригада“ како врши оштетување на паркирано патничко моторно возило. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе следува соодветна пријава.
Сузана Андоновиќ








