Вести
ВМРО ДПМНЕ, утре ќе одржи трибина во Куманово, а свое обраќање ќе има и претседателот на партијата, Христијан Мицковски
На Градскиот плоштад во Куманово утре(вторник) со почеток во 17.30 часот ќе се одржи трибина во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.
На собирот ќе се обрати и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, потпретседателот Владо Мисајловски, пратеникот Бране Петрушевски и претседателот Бобан Николовски, информираат од општинскиот комитет на ВМРО од Куманово и ги покануваат сите граѓани да дојдат на трибината.
Фото архива на Бум
Сузана Андоновиќ








