Вести

Нема грав во маркетите во Куманово

Нема грав во маркетите во Куманово

Празни се рафтовите каде стои гравот низ продавниците во Куманово.

Доколку побарате грав одговорот е нема или ке добиеме утре. А цената која ја одреди владата гравот да се продава по цена не повисока од 95 денари не се почитува. Цената му е од 180 денари па до 200, но денес не можеше да се најде. Трговците не сакаат јавно да зборуваат, но велат дека набавната цена на гравот е поголема од цената која ја определила владата.

На пазар има грав но и таму цената е 200 денари.

Граѓаните се жалат дека гравот не е единствениот производ кој исчезна од рафтовите. Во петок кога традиционално се вари грав за ручек, многу семејства нема да го зготват, тие реагираат до надлежните инспекциски служби да реагираат.

Според владината одлука за замрзнати цени килограм домати и краставици не може да чини повеќе од 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95 денари. Цената на кромидот е ограничена на 70 денари, на леќата на 110 денари, килограм банани чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари. Инаку Владата донесе одлука примената на одлуката за највисоки трговски цени де се продолжи од 30 април, до 31 мај годинава.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

May 12th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *