Вести

ЈП.Чистота и зеленило до јуни ќе ги исчисти сите диви депонии во општината, апелираат до граѓаните да не создаваат нови – ВИДЕО

ЈП.Чистота и зеленило до јуни ќе ги исчисти сите диви депонии во општината, апелираат до граѓаните да не создаваат нови – ВИДЕО

Јавното претпријатие Чистота и зеленило започна со расчистување на дивите депонии во општината. Како што информираше директорот, Даниел Стојчевски во Куманово имаат лоцирано над 10 диви депонии.

„Со новата механизација која ја набавивме преку општината со кредит од Светска банка имаме капацитет за расчистување на депониите со сопствени возила. Програмата за расчистување на дивите депонии ја започнавме минатата година, а годинава преку општина Куманово имаме определено 2 милиони денари кои јавното претпријатие треба да ги изработи во текот на овој период“-информира Стојчевски.

„Со чистење на депониите започнавме вчера, а ќе продолжиме и во текот на наредната недела, се надеваме дека до крајот на месец јуни ќе бидат завршени. Имаме соработка со месните заедници и општината од каде имаме насоки и укажувања каде има потреба да се чисти.

Вчера е исчистена депонијата на регионалниот пат Свети Николе кај местото Ла пунти, а денес ја чистиме депонијата кај место Касарна непосредно до село Проевце“ – вели директорот на ЈП. Чистота и зеленило.

Стојчевски вели дека најмногу граѓаните реагираат на дивата депонија пред влезот на населбата „Перо Чичо“.

„Депонијата е чистена десетина пати и повторно ќе ја исчистиме бидејќи претставува голем проблем за месното население.

Апелираме до граѓаните да ја подигнат својата свест и да не се создаваат нови диви депонии кои се штетни по здравјето на граѓаните и ја загадуваат животната средина, а инспекциските служби навремено да реагираат и да ги фатат несовесните граѓани“-вели Стојчевски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

May 12th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *