Вести
Клубот „Пежо 404“ со дефиле низ Куманово- Фото и видео
Клубот „Пежо 404“ го организираше дефилето, прв пат надвор од Скопје во соработка со француската амабасада.
Во гимназијата во таков ретро примерок се довезоа и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски и францускиот амабасадор, Сирил Бомгартнер.

– Овој пат сакавме да дојдеме во гимназијата која има билингвална паралелка и тие се наши редовни посетители во Скопје. Дојдовме со француските возила и пријателите, да го разубавиме настанот и да ја разбиеме секојдневната монотонија. Има повеќе возила во пежо клубот има 12 возила, во мини клубот, околу десетина, во ситроен петанесетина и во застава повеќе, изјави Горан Ивановски од клуб „Пежо 404“.

Покрај претставници од „Пежо 404“ имаше претставници од „Цитроен 2 ЦВ“ клуб, од мини клуб и од застава клуб.
Клубот е формиран од ентузијасти, љубители на историските возила на фабриката Пежо, а моделот 404 е дел од врвните технолошки достигнувања на светската автомобилска технологија на шеесетите години од минатиот век.
– Грижата за таквите примероци е израз на култура, одговорност и благодарност кон опусот и минатиот труд на генерациите на нашите родители и пра родители. Од друга страна, присуството на тие возила во тие години кај нас, зборува и за нашата култура и стандард на живот тогаш. А, пак тоа што успеваме да ги заштитиме и сочуваме – за нашата култура денес. Сите овие спомени и искуства се одржуваат и освежуваат преку повремените активности како оваа, велат од клубот.
Сузана Андоновиќ








