Вести

Пајак возилото е регистрирано на 22ри август минатата година и било технички исправно, тврди директорот на ЈП Куманово паркинг, оваа е политички атак врз нас- ВИДЕО

Пајак возилото е регистрирано на 22ри август минатата година и било технички исправно, тврди директорот на ЈП Куманово паркинг, оваа е политички атак врз нас- ВИДЕО

Куманово остана без новото пајак возило откако полицијата вчера го исклучила од сообраќај, информираше денеска на прес конференција директорот на ЈП „Куманово паркинг“, Сашо Петрушевски.

На прес конференцијата, денес директорот ги демантираше изнесените невистини во дел од порталите во врска со пајак возилото, а воедно потенцира дека јавното претпријатие е под постојан притисок.

Како што појаснува тој, завчера возилото било стопирано од иснепктор на Државен инспекторат за транспорт и била побарана лиценца за транспорт, што како појаснува директорот, таква лиценца по закон е потребна за транспортни претпријатија кои превезуваат патници и стоки, а за возила кои вршат услужна дејност таква лиценца нема со закон.

Сашо Петрушевски, директор на ЈП Куманво паркинг

– Увид на документите за сите други потребни документи не ги гледаше, туку ни бараше документи кои ги немавме и ги немаме, и ниту едно јавно претпријатие на ниво на Република Македонија ги нема. Ни беше одземена сообраќајната дозвола на 30 дена. Веднаш направивме жалба до второстепена комисија и ако не ја вратат сообраќајната ќе водиме управна постапка пред Управен суд, затоа што одговорно тврдам дека сме во право, вели Петрушевски.

– Вчера го пуштивме старото пајак возило за да ги вршиме континуирано своите работни задачи. Веднаш по излегување од депото бевме сопрени од службено лице од Полициска станица за општа надлежност, каде според негово видување требаше да одиме на технички преглед. Во меѓувреме беа повикани крим техника, економски криминал, стоевме два и пол – три часа и во разговор ни беше кажано дека тоа е наредба од горе. Отидовме на технички преглед каде во одреден дел од прегледот возилото немаше сијаличка на регистарска табличка и параметрите на задното кочење не беа според законски прописи. Тоа се аномалии кои веднаш ги исправивме, по што ни беа вратени документите за возилото информира директорот.

Петрушевски ги демантираше и написите на одредени портали во кои стои дека пајак возилото нема А тест. Вели дека ги имаат сите потребни документи за вршење на дејноста.

– За да биде хронологијата посимптоматична вчера на веб портал, кој е контролиран од страна на власта, излегоа невистини за целата хронологија настани, каде беше кажано дека пајак возилото нема А-тест, а тестот го имаме од 27 февруари 2023 година и налепница стои на самото пајак возило, ги имаме сите потребни документи за вршење на оваа дејност.  Зошто е сето тоа вака, ќе процени кумановската јавност. Поедините луѓе ги злоупотребуваат функциите, ги злоупотребуваат министерствата и мислам дека ова е уште еден атак кон јавното претпријатие, градоначалникот и кон сите граѓани, вели Петрушевски.

Петрушевски вели дека ги имаат сите потребни документи, а во самата сообраќајна дозвола издадена од СВР Куманово стои дека пајак возилото е специјално возило.

– Не знам зошто се овие напади, бидејќи веќе континуирано се случуваат, некои наши службени лица во минатото беа со часови задржувани во СВР Куманово, па потоа беа пуштени и овие напади се континуирани. Би апелирал до сите надлежни органи да престанат бидејќи јавното претпријатие работи во интерес на граѓаните. Ние сме услужна служба на СВР Куманово каде што учествуваме во безбедност на сообраќајот и го регулираме со помош на тоа пајак возило сообраќајот. Сите казни и неправилности ги детекгира полицијата, ние на основ на тоа што го регулираат сообраќајот вршиме услужна дејност, рече директорот на денашната прес конференција.

Според Петрушевски ова е личен или политички атак и злоупотреба на службената должност. Пајак возилото, вели тој, било регистрирано на 22ри август минатата година и било технички исправно.

– Со ова се злоупотребуваат и министерствата и луѓето кои работат, се прави притисок и сакаат да направат една слика каде што има хаос во Куманово, градоначалникот е виновен за сообраќајниот хаос, мислам дека тоа се невистини и сакам остро да ги демантирам, вели тој.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

April 29th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *