Вести
Лицата со попреченост заслужуваат да имаат легитимни претставници во сите сегменти, попреченоста е во општеството, во системот, а не кај лицата со попреченост
„Лицата со поппреченост заслужуваат да имаат свои легитимни претставници во сите државни институции, првенствено таму каде што се носат законските решенија во законодавниот дом, во советите, извршната власт“, истакна градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, на панел-дискусија на тема: Политичко учество на лицата со попреченост организирана ос здружението за промоција и развој на инклузивно општество, Инклузива.

„Иако имало обиди, еве тргнувам од себе да анимираме лица дури и за носители на листи коишто не прифатија, мислам дека со тек на време што повеќе разговори, дискусија во јавноста ќе имаме поголеми резултати. Ги охрабрувам да продолжат, а секако од мене како градоначалник, од мојот тим и од општинските структури секогаш ќе има поддршка на сите вакви проекти. Финансираме поголем број на проекти како општина, и Дневниот центар „Порака наша“ и „Инклузива“ како организација и голем број на социјални трансфери, финансиска помош и нема да застанеме тука“, додаде Димитриевски.

Претседателката на „Инклузива“, Благица Димитровска,вели дека еднакви политички права, како и поддршка и прифаќање во политичкиот живот за лицата со попреченост се пресудни за нивната потполна партиципација и учество во сите други процеси. Од здружението сметаат дека вклучувањето во политичкиот живот на лицата со попреченост треба да биде еден од главните приоритети на политичките партии.
„Заради тоа што од осамостојувањето на Македонија немаме пратеник, ниту советник во Куманово кое што е лице со попреченост, имаме лоши државни и локални политики, потенцира Димитровска.
„Кај нас попреченоста е во општеството, во системот, а не кај лицата со попреченост“, велат од „Инклузива“.
Бојана Младеновска од здружението „Инклузива“ смета дека лицата со попреченост најдобро знаат со што се соочуваат во секојдневието поради што треба да бидат вклучени во политиката и во законодавната власт.
Сузана Андоновиќ








