Вести

Се дистрибуираат решенија за данок на имот од Општина Куманово за 2023 година

Се дистрибуираат решенија за данок на имот од Општина Куманово за 2023 година

Општина Куманово почна со дистрибуција на решенија за данок за имот на физички и правни лица за годинава, соопштија надлежните од секторот за даноци и такси. Дистрибуцијата веќе е почната и се спроведува преку Македонска пошта.

– Има над 37.000 решенија, даночните обврзници, кои веќе имаат платено данок на имот за 2023 година не треба да ги земаат предвид решенијата, кои ќе ги добијат на домашна адреса. Апелирам граѓаните, фирмите совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на данок на имот и ги повикувам сопствениците на имот што се оданочува, корисниците, плодоуживателите да го пријават или одјават имотот што е предмет на оданочување, изјави,раководителот на секторот, Ненад Стојановски.

Ненад Стојановски, раководител на секторот за даноци и такси

Даночните обврзници кои се сопственици на имот што се оданочува, корисници или плодоуживатели на имот, кои на својата адреса нема да добијат решение за данок на имот за 2023 година до 15 мај, треба да се обратат во просториите на Секторот за даноци и такси при општина Куманово, спроти градскиот стадион, поранешна зграда на АД „Козјак“, канцеларии бр. 3 и бр. 10, за да се информираат и консултираат за својата законска обврска.

Од секторот, појаснуваат дека секој корисник или сопственик на имот кој се оданочува е обврзан во рок од 15 дена од моментот на стекнување на имотот, односно од добивање на употребна дозвола или впишување во Агенција за катастар на недвижност, да го пријави во секторот и доколку не го пријави, општината ќе постапи согласно законските надлежности.

Даночните обврзници можат да ги плаќаат обврските и електронски, на новата дигитална платформа за електронска наплата на сајтот enaplata.kumanovo.gov.mk, каде што со снимање на матичен број на обврзник и регистрација преку е-пошта ги има сите обврски за сите години.

-За сите нејаснотии и објаснувања во овој дел, граѓаните и правните лица можат да се обратат во просториите на Сектор за даноци и такси при општина Куманово, поранешна зграда на АД „Козјак“, спроти градскиот стадион, вели Стојановски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

April 26th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *