Вести
Се реконструира патот од Зебрњак до Младо Нагоричане
Почна реконструкција на патот од село Младо Нагоричане до Зебрњак Старо Нагоричане, информираат од општина Старо Нагоричане.
– Досега реконструирани се два километри од патот кој е во вкупна должина од 4, 2 километри. Ширината е 5, 20 метри. Се надеваме дека со реконструкцијата ќе се обезбеди побрзо, побезбедно поврзување на жителите од општините Куманово и Старо Нагоричане преку овој таканаречен „стар паланечки пат“, изјави заменик градоначалник, Бобан Цветановски.

Средствата се обезбедени од ЈПДП, а го изработува Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта-Македонија пат. Претходно, од општината соопштија дека почната е реконструкција на патот од село Врачовце до село Жегљане во должина од 2.750 метри.
Сузана Андоновиќ








