Вести
Во среда модна ревија во Куманово подготвена од учениците од Перо Наков
Учениците од средното општинско училиште Перо Наков, преку програмата, учење преку работа подготвија модно случување на кое ќе бидат презентирани модели изработени од учениците од трета и четврта година, информираат од училиштето.
Модната ревија насловена како ,,Магија во кругот” ќе биде на 26 април во 18 часот во Занаeтчиски дом во Куманово. Организаторите ги покануваат сите љубители на модата, уметноста и музиката, а посебна покана упатуваат до деветто одделенци, идни средношколци.
На модната ревија ќе бидат изложени и графики изработени од учениците од графички дизајн и редизајн на обувки изработени од учениците од техничар за обувки.









