Вести

Браните се полни со вода, кумановци ќе имаат вода- Видео

Браните се полни со вода, кумановци ќе имаат вода- Видео

Врнежите и топењето на снегот ја наполнија браната Глажња која прелева, а капацитетот е исполнет со 25 милиони кубни метри вода, надлежните од Водостопанство велат дека од 2018 година немало прелевање на браната.

– Навремено ја стопиравме водата и сите канали низ кои истекува. Целосно е исполнета 25 милиони кубни метри, ќе има доволно и за пиење и за наводнување, изјави директорот, Оливер Илиевски од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“.

Во претходниот месец имаше доволно врнежи од дожд и топење на снежната покривка што придонесе за ваков капацитет на браната.

– Сакам да истакнам дека нашите вработени, целиот тим на „Кумановско-липковско поле“ се погрижија навремено да ја затворат за да се акумулира водата. До 31 успеваме и бај-пасот го пуштивме за ЈП „Водовод“ им заштедивме и трошоци за електрична енергија, кажа Илиевски.

И земјоделците можат да бидат спокојни вода за наводнување ќе има целиот период. Од 14 април годинава, пуштен е системот за наводнување.

Брана Глажња

– Инвестициите во инфраструктура се прават преку инвестиционата програма на Влада преку Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Имаме проекти и за браната Глажња, за браната Липково која е подолу и за реконструкција на четвртата гранка на хидросистемот, доставен е до МЗШВ. Се надеваме дека годинава ќе почне реализацијата, изјави Илиевски.

Во Липково, помалата брана изградена за стабилизација на водата во моментов има 1, 5 милиони кубни метри вода.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

April 25th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *