Вести
Реконструиран патот Врачовце- Жегљане
Реконструиран е патот помеѓу селата Врачовце и Жегљане во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од локалната самоуправа.
Реконструкцијата на патот е поддржана од ЈПДП, а го изработува Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта-Македонија пат.

– Патот е во должина од 2.750 метри, ширина четири метри. Со реконструкцијата очекуваме побезбедно одвивање на сообраќајот помеѓу населението од двете населени места и од општината, изјави заменик градоначалник на Старо Нагоричане, Бобан Цветановски. Од општината велат дека со асфалтирање на локалните патишта придонесуваат за подобрување на секојдневниот живот на населението.
Според изјавата на Цветановски започната е реконструкција на локалниот пат Младо Нагоричане – Зебрњак кој е во должина од 4 километри.
Сузана Андоновиќ








