Вести

Идните првачиња ќе добијат по 2000 денари од општината, предлогот е усвоен од советот по иницијатива на СДСМ

Идните првачиња ќе добијат по 2000 денари од општината, предлогот е усвоен од советот по иницијатива на СДСМ

– Првоодделенците од Куманово ќе добијат субвенции од 2000 денари, оваа одлука ја донесе советот на општината. Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска информираше за одлуката која е донесена едногласно и со која се обезбедува субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта.

-Со одлуката се утврдува право на субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение по прв пат во учебната 2023/2024 година, со постојано живеалиште на родителите на подрачјето на Општина Куманово, од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година во нето износ од 2.000,00 денари, по ученик, вели Димитриевски. 

За одлуката денеска информираа и од локалната СДСМ  на чија иницијатива се донесе одлуката. 

-Одлуката доаѓа предлог на советничката група на СДСМ и коалицијата, беше прифатена од сите субјекти и членови на советот. Сакаме да искажеме благодарност и до градоначалникот кој го прифати предлогот. Родители на сите ученици запишани прв пат во учебната 2023/24 ќе имаат право на субвенцијата, изјави советникот Дејан Ивановски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

April 6th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *