Вести
Димитриевски во посета на СЕЕБРИГ: Беспрекорно функционира бригадата на Југоисточна Европа
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ја посети касарната „Боро Менков“ и просториите на командата на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), каде што беше пречекан од страна на најстарите национални претставници на државите кои се дел од оваа единица, информираат од Општината.

– Заедно со командантот на бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), бригадниот генерал Евангелос Митруцикос во брифинг салата проследивме презентација за историјата, мисијата, реализираните и идни предвидени активности на СЕЕБРИГ. Во рамките на кратката обиколка на работните простории, беа воочени и условите, во кои беспрекорно функционира бригадата на Југоисточна Европа, при што со задоволство се потпишав во Книгата на впечатоци на СЕЕБРИГ, изјави Димитриевски.
Сузана Андоновиќ








