Вести

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Kуманово и здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците”

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Kуманово и здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците”

Општина Куманово и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ денеска потпишаа Меморандум за соработка, информираа од општината. Меморандумот е потпишан во рамки на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, поддржан од Детската фондација „Песталоци“.

Носител на проектот е Општината, a опфатени се три општински основни училишта – „Христијан Тодоровски Карпош“, „Наим Фрашери“ и „Браќа Миладиновци“, кое е центар за поддршка на инклузивно образование.
-Целта на проектот е да ја поддржи локалната самоуправа во процесот на обезбедување можности за еднаков пристап до квалитетно основно образование за децата со посебни образовни потреби преку развивање ефективни и инклузивни модели за поддршка, преку вклучување во концептот на инклузија во стратешките и акциските документи на општината и планирање активности за поддршка на инклузијата на локално ниво, развивање механизми и процедура за идентификација за вклучување на децата со надмината возраст во образовниот систем и промоција и примена на усвоената приспособена наставна програма за деца кои не биле вклучени во образованието, кои се со надмината возрасна граница, информираат од општина Куманово.

На потпишувањето на меморандумот присуствуваа претседателката на општинскиот Совет Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на секторот за образование, Александар Јоавновиќ. Потпишаниот Меморандум за соработка е со важност до 31 декември 2025 година, со можност за продолжување.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

April 4th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *