Вести

Поставено за граѓаните и децата, уништено од несовесни граѓани

Поставено за граѓаните и децата, уништено од несовесни граѓани

Речиси целосно е уништена поставената урбана опрема на локалитетот Спомен Костурница. Несовесни граѓани ја уништиле и урбаната и спортската опрема која ја постави општина Куманово, набавена преку прекуграничен проект со општина Гњилане .


-Информирани сме за тековното уништување на урбаната опрема кај Спомен Костурницата. Кога гласаме на совет знаеме дека ќе се направи нешто убаво и ново за Куманово. И постојано инсистираме и урбана опрема, канти, клупи да личи на модерен и убав град.

Поминете на кеј, Соколана, не се грижиме за општинскиот имот, како да не е наш, а е од нашите пари. Преубави канти поставивме во централното подрачје, половина делови се извадени. Бевме сведоци на новогодишните украси, веќе започна оштетувањето, треба навистина да се апелира до граѓаните ова што се инвестира се граѓански, наши пари, да не се уништува, општината пак ќе најде начин да постави, но не е само работа да се уништува, но свеста ни е на многу ниско ниво, изјави претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска.

Просторот околу Спомен Костурницата се уредување се реализираше преку прегуграничен проект со Гњилане, насловен „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство во општините“, во износ од 477.000 евра. Тој се однесуваш на изградба на игралишта, амфитеатар, трим патеки и други содржини наменети за граѓаните на Спомен Костурницата. Во рамки на проектот беше поставена вештачка трева, заштитна ограда за фудбалски терен, нови клупи, соблекувална и асфалтиран е нов паркинг простор. На простото имаше и опрема за детско катче.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

April 3rd, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *