Вести
Приведено лице од Куманово за поседување на марихуана
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје привеле 18 – годишен кумановец , кај него пронашле марихуана.
„При преглед кај лицето на улицата „Пиринска“ во Куманово била пронајдена марихуана, додека подоцна при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени уште 10 опаковки марихуана и една дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.
Сузана Андоновиќ








