Вести

Поставена заштитна ограда на улицата „Тоде Думба“, надлежните апелираат внимателно да се вози

Поставена заштитна ограда на улицата „Тоде Думба“, надлежните апелираат внимателно да се вози

Поставена е нова заштитна банкина помеѓу улиците „Тоде Думба“ и „Драган Стопаревиќ“, а обновена е и хоризонталната и вертикалната сигнализација на оваа локација. Граѓаните изминатиот период реагираа дека тука се чувствуваат небезбедно, бидејќи оградата беше оштетена . Од општинскиот буџет за оваа намена се одвоени над еден милион и 500 илјади денари.

– Сведоци сме на голем број немили настани на оваа локација поради висинската разлика на улиците Тоде Думба и Драган Стопаревиќ, а возачите возат бргу, кривината е опасна а теренот знае да бидне лизгав.

Апелирам до граѓаните да возат побезбедно, да ја ограничат брзината на движењето на 30 километри на час, колку е и дозволено, тука живеат мали деца -вели Ивана Ѓорѓиевска, претседателка на Советот на Општина Куманово.

Таа апелираше до граѓаните и да ја чуваат урбаната опрема, која за жал се уништува од несовесни граѓани.

-Кога гласаме на совет знаеме дека ќе се постави убава и модерна опрема, но се што се поставува и многу бргу се уништува. Тоа што го поставуваме е од наши пари и треба да чуваме, а не да се уништува и краде. За жал општествената одговорност ни е на многу ниско ниво, вели Ѓорѓиевска.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

March 31st, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *