Вести
Во министерство за земјоделство распишан јавен оглас за ангажирање на 25 студенти, за шест месечна платена пракса во министерството
Дипломирани студенти или студенти на завршна година на земјоделскиот факултет ќе можат да аплицираат на конкурсот за практиканство објавен од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде 25 практиканти ќе може да работат платено, шест месеци практиканска работа во секторите и управите на министерството, информираат од министерството.

- Преку овој оглас, право за аплицирање имаат дипломирани студенти или студенти на завршна година студии од земјоделските, шумарски и ветеринарни високо образовни институции во државата. Односно студенти од областа на биотехничките науки (наука за земјиште и хидрологија, заштита на растенија, растително производство, пчеларство, овошатарство, лозарство, ветеринарна медицина, добиточно производство, рибарство, шумарство и холтикултура, преработка на дрво, биотехнологија, прехранбена технологија, преработка на анимлани производи), градежништво и водостопанство, правни науки, економски науки и-или природно-математички науки – хемија.
Периодот за практиканската работа изнесува шест месеци со полно работно време. Практикантите за време на практиканската работа остваруваат право на надоместок во висина од 70% од минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа во период до три месеци и надоместок во висина на минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа над три месеци, сметано од четвртиот месец.
Рокот за пријавување на јавниот оглас е 10 дена од денот на објавување на веб страната на министерството www.mzsv.gov.mk, каде заинтересираните може да најдат и повеќе информации за апликацијата и потребните документи при апликацијата.
Сузана Андоновиќ








