Вести

Полицијата во Куманово работи на случајот за откривање на сопственикот на кучето кое нападна осум лица

Полицијата во Куманово работи на случајот за откривање на сопственикот на кучето кое нападна осум лица

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Куманово одговарајќи на новинарско прашање дали е расчистен случајот со откривање на сопственикот на кучето кое на почетокот на месецот во центарот на градот нападна осум лица меѓу кои четири деца, кажа дека се работи на случајот и дека надлежните органи пред сè локалната самоуправа треба да пеземат опсежни мерки за решавање на проблемот со кучињата скитници.

  • Кучињата скитници се сериозен проблем и тука мора да се преземат опсежни мерки од страна на надлежните органи пред сè од локалната самоуправа и не смее да се остави да не се преземаат мерки и на тој начин да се доведеме во ризик, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.Спасовски кажа дека животните треба да се заштитат од убиства и малтретирање, но дека и граѓаните треба да бидат заштитени од напад на кучиња скитници.

  • Не смееме да дозволиме да имаме малтретирање и убиства на животни и не смее да се дозволи ниту животните кои не се згрижени да ги напаѓаат граѓаните.
  • Секторот за внатрешни работи Куманово работи на расчистување на случајот дали кучето кое ги нападна граѓаните во Куманово имало сопственик. Тука треба да се преземат сериозни мерки не само против евентуалниот сопственик доколку се утврди дека тоа куче имало сопственик, туку треба да се преземат и сериозни мерки и за негрижа спрема граѓаните на Куманово, рече Спасовски.

Куче од раса Азијат на почетокот на месец март во центарот на Куманово нападна осум лица, меѓу кои четири деца во близина на основно училиште. Кучето беше заловено и однесено во прифатилиште.

Сузана Андоновоиќ

Radio Bum

March 25th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *