Вести
Битиќи – Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената, а доколку приметат дека во Куманово се продава леб со помала грамажа тоа да го пријават во инспекторатот
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи при денешната посета на кумановската фабрика Махагони, потенцираше дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите кои сега се со замрзнати вредности.
„Првите позитивни сигнали од компаниите доаѓаат и овде сме заеднички да ја надминеме кризата. Не стравувам дека по замрзнување на цените ќе се врати старата практика на вештачко зголемување на цените на начин како што еден одреден период беше направено“, рече Битиќи.
Тој вели дека тоа што постојано повикувале на општествена одговорност на компаниите врoдило со плод.
„Тоа е сосема јасно но ако се случи спротивното ние како Влада нема да оставиме граѓаните да ја плаќааат највисоката цена тие ќе бидат згрижени“, реќе Битиќи.
Битиќи кажа дека замрзнувањето на цените е со одредена грамажа, а доколку граѓаните приметат дека лебот во Куманово се продава по помала грамажа тоа да го пријават во пазарната инспекција.
Сузана Андоновиќ








