Вести

Во Куманово откриени менувачници кои работеле без лиценца

Во Куманово откриени менувачници кои работеле без лиценца

Во акцијата спроведена на територијата на Куманово откриени се менувачници без решенија и лиценца за менувачко работење со пари и поединци кои менувале пари на градскиот плоштад

Според МВР, полицијата во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршија контрола на правни и физички лица кои вршат дејност од областа на девизното работење, преку купување и продажба на ефективни странски и домашни пари, при што кај четири физички и правни лица се констатирани неправилности, односно работење спротивно на Законот за девизно работење.

„При контрола на првото правно лице во Куманово, утврдено е дека управителот не поседува решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари. Кај правното лице како нерезидент на НБРСМ во моментот на контролата во касата за дневен промет се пронајдени голем износ на домашни и странски пари во различни валути, меѓу кои и: 4,7 милиони денари, 41,4 илјади американски долари, 2,7 илјади евра, 1,1 илјада швајцарски франци, 4,2 илјади бугарски левови и др. 

За време на контролата на другото правното лице, исто така е утврдено неговиот сопственик не поседува решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари, а во касата за дневен промет располагало со ефективни домашни и странски пари во голем износ, и тоа: 321,6 илјади денари, 630 евра и 320 американски долари. 

Во деловен објект – менувачница без регистрирано правно лице, е утврдено дека нема регистрирано правно лице во Централен регистар, а не поседува ниту лиценца ни решение од НБРСМ за вршење на менувачко работење. Во моментот на контролата тој противправно поседувал домашни и странски валути во износ  од 325 евра, 100 американски долари, 4,7 илјади швајцарски франци, 34,5 илјади денари, 4,8 илјади српски динари. 

На градскиот плоштад во Куманово, затекнат е кумановец како врши менувачко работење спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење и кај него се пронајдени 30 илјади српски динари, 2,7 илјади бугарски левови, 700 евра, 1,5 илјади швајцарски франци, 162 американски долари и 65,3 илјади денари. 

За констатираната состојба спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење на РСМ кај  овие правни и физички лица беше известен дежурен јавен обвинител од ОЈО Куманово и по  целосно расчистување и документирање на случаите од страна на ОКП-ОЕК при СВР Куманово ќе биде изготвен соодветен поднесок“.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

March 20th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *