Вести

Средношколците од Куманово се имунизираат против тетанус

Средношколците од Куманово се имунизираат против тетанус

Во вакциналниот пункт „Тоде Мендол“ во тек е имунизацијата на кумановските матурани против тетанус. Добар е одзивот информираат надлежните кои ги упатиа апел до сите матуранти да дојдат и да го заокружат процесот на вакцинација согласно календарот. Надлежните велат дека има доволно број вакцини и дека и матурантите и нивните родители сериозно ја сфаќаат потребата од целосна имунизација, како превенција од болеста.

– Вакцинацијата за тетанус е континуиран процес, штити од заболувањето тетанус кое е многу тешко, предизвикува парализа, целосни компликации. Имаме доволно вакцини, апелирам родителите редовно да ги вакцинираат децата, за да дојдеме до период на 18 години да имаме целосно имунизирана индивидуа со сите примени вакцини и да избегнеме страшни последици, изјави доктор, Валентина Богоевска-Димитриевска, од диспанзер Куманово.

Вакцината е значајна при каснувања од животни или одредени повреди. Од „Тоде Мендол“ информираат дека помош побарале и лицата кои неодамна беа нападнати од куче во центарот на Куманово.

– Побараа помош ги упативме тука доаѓа и онаа вакцина против беснило ние тука ја немаме е на Клиниката за инфективни болести ги упативме до инфективно одделение кај нас и тие таму потоа ги препраќаат, изјави Богоевска-Димитриевска.

Нус ефекти од примањето на вакцината се само локална болка во рака и благо зголемување на температурата. Вакцината против тетанус се прима во четири дози.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

March 16th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *