Вести
Успешната приказна на кумановката Олгица Стојмировиќ објавено на ,,Форбс”
Неодамна, угледниот Форбс објави статија за Олгица Стојмировиќ, сопственичка на антиејџинг центар од Promoitlia. Голем предизвик за една дама која потекнува од Куманово. Радио Бум во Куманово ви ја пренесува успешната приказна на Promoitlia и Олгица Стојмировиќ.
Неодамна, угледниот Форбс објави статија за Вас во која нагласува за вашата скоро дводецениска посветеност во индустријата против стареење. Кога Ве контактираа од Форбс и кога е објавена статијата?
- Форбс ја пратат мојата успешна приказна од 2020 година, кога ја добив наградата “40 under 40” за југоисточна Европа, а статијата ја објавија пред неполн месец.
Линк од објавата во Форбс
Вие веќе една деценија сте лидер во оваа област и сте основач на единствениот Центар на Promoitalia на Балканот. Кога беа вашите почетоци?
- Голем дел од општеството има незадоволства од својот изглед кој му влијае на самодовербата и менталното здравје. Во Македонија имаше интерес за естетски процедури но луѓето за жал довербата ја имаа повеќе надвор од нашите граници, можеби затоа што на овој пазар немаше понуда што ќе им гарантира квалитет. Си земав голема обврска, да ја освојам довербата на општеството и да им го понудам тоа што го бараа надвор од нашата држава, овде во Скопје. После 8 години сфаќам дека сум го направила вистинскиот чекор и сум горда што за оваа еволуција во естетските процедури имам голема заслуга.
Зошто се одлучивте за оваа дејност?
- Естетската медицина беше мој предизвик од самите почетоци. Фасцинантно е со колку малку може да се направи голема промена која ќе донесе толку позитивни резултати, самодоверба и подобрување на менталното здравје. Пред се е брзо, безбедно и безболно. Сакам да гледам среќни и задоволни лица, знаејки дека имам удел во нивната среќа и позитивна физичка промена.

Дали македонките и кумановки се жени кои посветуваат внимание на својот изглед?
- Кумановци отсекогаш важеле за луѓе кои се грижеле за својот изглед, трендови и имиџ. Тоа се гледа по процентот на посетеност во нашиот Центар. Забележлива е во изминативе години зголемената посветеност на својот изглед кај македоцните воопшто но, и кај кумановци кои што важат за убав и модерен народ. И самите знаете колку модни лица има дадено Куманово.
Имате тим од лекари, специјалисти, колку е важна тимската работа?
- Стручниот, комплементарен тим е основниот фактор за успех во работата. Мотивиран тим секогаш се врзува и за работата, ја прави со задоволство и уживање а воедно се поврзува и со клиентите. Кај нас секогаш отворено се разговара за секој проблем и се наоѓа заедничко решение, се ужива и заеднички во секој успех. Ги славиме и малите и големите работи заедно. Ние сме баш едно големо семејство!

Успехот сигурно не дошол преку ноќ, како ја градевте кариерата?
- Нормално, особено во држава како нашата и специфичен менталитет на луѓе за кои да не речам естетската медицина беше табу тема,почетоците беа тешки, но исплатливи. Трпеливо чекор по чекор, ги анализирав сите профили: и оние кои храбро го превземаат чекорот да променат нешто на себе, оние кои сакат да променат, но никој да не дознае, па дури и оние кои не го прифаќаат тоа. Јас бев отворена постојано за бесплатни консултации и прашања. Дури дел од процедурите што сум ги лансирала на почеток не биле воопшто финансиски исплатливи, но свесно сум го направила тоа, знаејки дека потешко ќе бидат прифатени, морав да инвестирам и да почекам и да поработам на промената на нивната свест. Со месечните промоции кои ги воведов, сакав да ги направам процедурите достапни за сите. Поминавме долг процес каде што мислам дека сега работите се многу појасни и полесни.
Колку е важно вложувањето во себе, постојаната едукација?
- Тимот на Промоиталиа редовно посетува семинари,конгреси и обуки, се со цел постојано да ги следи сите иновации во дејноста. Самото тоа што дел од нашиот тим во рок од 3 месеци посети различни настани во Милано, Париз и Дубаи, кои важат за глобални двигатели во индустријата на естетската медицина, Ви покажува колку ние сме посветени и фокусирани на постојаната едукација.
Дали применувате современи методи и техники и кои?
- Промоиталиа како бренд е познат за еволуција во естетската медицина. Како што напоменав во претходното прашање целиот тим постојано се надградува со обуки и семинари. Поседуваме најнова технологија и апаратура кои ги нема никаде на друго место на Балканот. За оние кои сакаат подетално да се запознаат со методите може да ја посетат нашата веб страна www.antiagingcenter.mk, како и нашите профили на социјалните мрежи https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK, https://www.instagram.com/antiagingmk/
Која е вашата најдрага награда која досега сте освоиле?
- Сум освоила доста награди и признанија, она што го сфатив дека најголема награда и признание се бројот на задоволни и постојани клиенти.
Кои се вашите идни планови?
- Јас сум човек кој никогаш не застанува, кој секогаш мисли неколку чекори напред и мојата животна филозофија е секогаш да се стремам да бидам утре поуспешна од денес. Веќе ги достигнав целите на еден од најуспешните антиејџинг центри во регионот, сега веќе сакам да бидам инспирација за помладите генерации кои се на почеток во оваа дејност.
Мора да споменеме дека сте од Куманово, кои се вашите најдраги спомени од градот?
- Секако дека секому најдраги му се спомените од детството и младоста, тоа е носталгично време кое на сите нас ни недостасува во оваа модерна и динамична брканица на време. Таму ги поминав првите школски денови, првите искачанки, дружби, симпатии, успеси и животни лекции.
Сузана Андоновиќ