Вести
Полицијата потврди 8 пријави за напад од куче
За напад од куче во центарот на Куманово во полицијата имало поднесено 8 пријави, од кои 4 биле малолетници, информираат од секторот за внатрешни работи Куманово.
На 13.03.2023 во СВР Куманово било пријавено дека во централно градско подрачје во Куманово, осум лица, од кои четири малолетници, биле каснати од куче. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од СВР Куманово.
Сузана Андоновиќ








